6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 вештини кои ве прават одличен кандидат за вработување

5 вештини кои ве прават одличен кандидат за вработување

1222_interview_620x434

Мислите дека е доволно да сте добри во она што го работите и дека тоа ви е гаранцијата за вработување. Тоа не може да се оспори. Но, бидејќи има многу луѓе кои исто така се способни за истата работа, а дури и поспособни или пак со подобри врски….како планирате да ги победите во борбата за работа?

На вас од корист можат да ви бидат некои вештини кои не можат да се научат во училиште, и за кои не постои никаква диплома.

1. Правите одлично кафе

Можеби не буквално, но и кафето игра голема улога, но сепак оваа точка зборува за тоа дали умеете да се поставите со луѓето (кафето е дополнителна работа). За луѓето да ве слушаат, потребно е да го задоволите нивното внимание и тие пријатно да се чувствуваат покрај вас. Дали умеете да ги смирите страстите? Дали умеете да ги насмеете луѓето? Дали „правите одлично кафе“ и дали сте одлично друштво покрај кафето? „Уличното училиште“ е пресудно во овој момент.

2. Зборувате странски јазици

Сте слушнале за „колку јазици зборуваш, за толку луѓе вредиш“. Покрај познавањето на јазиците, потребна е и одлична комуникација, пријатна, познавање на ралични култури, области….

3. Умеете да учите

Не ве мрзи да учите и секојдневно да се усовршувате. Но важно е и да знаете да учите, бидејќи најголемиот предизвик во денешно време е прилагодувањето на промените кои ги носи брзиот животен стил.

4. Вие сте одличен продавач

Без оглед дали продавате канцелариски прибор, облека или прашок за перење, книги, вести, информации, за тоа е потребна посебна моќ на убедување. Дали сте способни на сит човек да му продадете уште еден оброк? Вештините за продавање се едни од најценетите во денешно време.

5. Компјутерски вештини

Работата на компјутер денес е задолжителна, без оглед за која работа станува збор, компјутерот е застапен во 99 проценти од случаите. Но, ако знаете и да програмирате, вратите се отворени за вас. Покрај тоа, бидејќи ниту една компанија главно не штеди во ИТ секторот, вие имате голема шанса за усовршување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП