4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafone официјално го презема шпанскиот кабелски оператор Ono

Vodafone официјално го презема шпанскиот кабелски оператор Ono

Vodafone-Ono-logos-web

Европската комисија вчера даде „зелено светло“ за британската телекомуникациска компанија „Vodafone“ да го преземе шпанскиот кабелски оператор „Ono“.

Со ова конечко е финиширан договорот кој во март беше потпишан меѓу „Vodafone“ и компанијата „Ono“, а со кој е договорено преземање на шпанската компанија за 7,2 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Со ова преземање, „Vodafone“ ќе го зголеми своето присуство на пазарите во Европа, по минатогодишното преземање на германскиот кабелски оператор „Kabel Deutschland“ за 7,7 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП