27 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Имам идеја за бизнис, сега што?“, работилница за претприемништво

„Имам идеја за бизнис, сега што?“, работилница за претприемништво

ideja-biznis-2

Под наслов „Имам идеја за бизнис, сега што?“ денеска во Скопје ќе се одржи првата од двете работилници посветени на претприемништвото на која ќе говорат Мади Шарма, претприемач, и нејзиниот тим.

Мади Шарма е жена-претприемач, која ја основа, инспирира и мотивира МАДИ Груп, групација на меѓународни приватни компании, социјални претпријатија, како и меѓународна глобална мрежа на независни и непрофитни организации и новативни идеи прилагодени за локални активности кои имаат глобално влијание и придонесуваат кон одржливо општество.

За своето глобално делување таа има добиено повеќе признанија меѓу кои Achievement и UKBest Boss, а британската Влада ја именуваше и за свој претставник во Европската економска и социјална комисија.

За неа во оваа година е снимен и документарниот филм, кој наскоро треба премиерно да биде прикажан.

Еднонеделната работна посета на Македонија, Мади Шарма ќе ја искористи и за низа средби со бизнис заедницата и невладиниот сектор, со цел да ги запознае со нејзината нова инвестиција во Македонија, Бизнис Комплексот КоСид кој треба дa започне со работа во септември годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар