24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците имаат најдолг одмор во ЕУ

Грците имаат најдолг одмор во ЕУ

M

Жителите на Грција се уште во просек имаат најдолг одмор во Европската унија, иако земјата со години е во криза.

Грците се една од трите земји во ЕУ, чие летување во просек трае подолго од една недела, или поточно 7,5 ноќевања.

Зад нив се жителите на Кипар со 7,2 и Белгијците со 7,1 ноќевања.

Просекот во Унијата е 5,2 ноќевања. Сепак, статистичките податоци покажуваат дека претходните години мал процент од Грците одлучиле да патуваат за летен одмор, за разлика од другите членки на ЕУ.

Со оглед на тоа што се туристика земја, и голем број одмараат дома, Грците се релативно ниско на листата на трошаџии за време на одмор, и просечно за своите 7,5 ноќевања трошат по 206 евра по жител, додека европскиот просек изнесува 335 евра.

Граѓаните на Луксембург трошат 748 евра, на Малта 667, на Белгија 566, на Австрија 564, на Ирска 506, и жителите на Германија трошат 469 евра по човек.

Во однос на местата за одмор, за локални патувања се ослучуваат 76 отсто од Европјаните.

Убедливо најмалку дома остануваат жителите на Луксембург, само три отсто, а најмногу Романците, дури 95 проценти, зад кои следуваат Грците и Шпанците со 92 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП