2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИING Groep NV продаде дел од NN Group NV

ING Groep NV продаде дел од NN Group NV

ing k

Најголемата холандска компанија за финансиски услуги „ING Groep NV“ собра 1.54 милијарди евра (2,1 милијарди долари) од продажбата на акции на нејзината осигурителната поделба „NN Group NV“. Тоа беше и вториот најголем „IPO“ во Европа од почетокот на годината.

Акциите на „NN Group“ се отворија по цена од 21 евро на берзата во Амстердам, над цената од „IPO“ (20 евра), и денес се тргуваа на ниво од 21.07 евра.

„ING“ продаде 77 милиони акции на „NN Group“, објавија вчера од компанијата. Приходите од „IPO“ изнесуваат околу 2 милијарди евра. Во нив влегува и конверзијата на хартии од вредност за 450 милиони евра по договор со азиски инвеститори.

Продажбата на 28,6% од „NN Group“, која развива активност во Европа и Јапонија, се приближува до крајот на програмата на „ING“ за нејзино преструктуирање наметнато од европските регулаторни органи, откако во 2008-ма година компанијата доби пакет за спас.

„ING“ ќе ги користи собраните средства за да ги покрие своите обврски и да продолжи со поделбата на банката и осигурителната компанија. Акциите на „ING“ поскапеа за 0,7% или до 10.56 евра, со што се одредува пазарна капитализација на компанијата од 40,6 милијарди евра.

„ING“ се согласи да продаде повеќе од 50% во „NN“ до крајот на следната година и да ја финализира продажбата на целата осигурителна активност на глобално ниво до крајот на 2016-та година. За да се постигне ова, компанијата ќе мора да го продаде и преостанатиот околу 43 – процентен удел во „Voya Financial Inc.“ во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП