24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Богатите побогати, а сиромашните...

Франција: Богатите побогати, а сиромашните…

tumblr_mxyqqtP7Rj1smdyu5o1_500

Сиромашните Французи се се посиромашни, а богатите се побогати, додека сиромаштијата од која е тешко да се излезе по кризата влијае и на вработениот дел од населението, наведува ИНСЕЕ.

Според истражувањата на францускиот статистички завод врз основа на расположливите податоци од 2011 година, нееднаквоста во Франција продолжува да се продлабочува, пренсува АФП.

Во истражувањето се наведува дка животниот стандард во 2011 година на 40 проценти од најсиромашниот дел на населението е намален за околу 0,2 до 0,8 проценти, со истовремен раст на нивото на животниот стандард на 40 проценти од најбогатите Французи за околу 0,1 до 0,8 проценти.

Стапката на сиромаштија продолжи да расте и тоа во просек за 0,3 проценти годишно, достигнувајќи 14,3 проценти, се наведува во истражувањето.

Во Франција во 2011 година лицето чиј животен стандард бил понизок од 60 проценти од просечното ниво на цело население, односно 978 евра месечно, се класифицирало во сиромашниот дел од населението.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП