Пензионерка од скопската општина Аеродром е добитничка на премијата Џокер со пет погодоци на играта на среќа НовоЛото 7/34 на Државна лотарија на Македонија.
Наградата е вредна 394.851 денари, а добитното ливче пензионерката го уплатила во продажното место Никофон во ТЦ Бисер. Таа е редовен играч на НовоЛото, играла по две комбинации, плус еден Џокер.