5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВицепремиерот Пешевски се сретна со новоименуваниот британски амбасадор

Вицепремиерот Пешевски се сретна со новоименуваниот британски амбасадор

F7A85EADF19D8FC0F037080C1BD7FAFC

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија Чарлс Едмунд Гарет.

Пешевски го запозна Гарет со политиките на Владата наменети за развој на домашната економија. Се дискутираше за спроведените проекти, како и за проектите кои се во фаза на реализација, а се наменети за зголемување на конкурентноста на домашното стопанство и поттикнување на економскиот раст.

За време на средбата соговорниците изразија задоволство и ги поздравија билатералните односи помеѓу двете земји, кои, како што оценија, се традиционално добри, со динамична разнообразна соработка. Изразија и желби за натамошен поттик на економската соработка  и зголемување на трговската размена.

Велика Британија е значаен трговски партнер на нашата земја, која минатата година се најде на третото место на листата на најголеми трговски партнери, со вкупна трговска размена од 806 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП