2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА25 милиони Европејци бараат работа

25 милиони Европејци бараат работа

office-people-queue-employment.si

Во моментов невработени се повеќе од 25 милиони жители на ЕУ, од кои 18 милиони во еврозоната, наведува Еуростат.

Стапката на невработеност во ЕУ во мај изнесуваше 10,3 проценти, додека невработеноста во еврозоната изнесуваше 11,6 проценти.

Во споредба со април, бројот на невработени во ЕУ е намален за 63 илјади лица.

На годишно ниво, во споредба со истиот период во 2013 година во ЕУ е намален бројот на невработени за 1,361 милиони лица.

Новите бројки на Еуростат покажуваат дека според бројот на невработени на врвот се наоѓаат Грција со 26,8 проценти, Шпанија со 25,1 проценти и Хрватска со 16,3 проценти.

Најниска стапка на невработеност има Австрија (4,7 проценти), Германија (5,1 проценти), Малта (5,7 проценти), Чешка (6,3 проценти) и Луксембург (6,3 проценти).

Во ЕУ невработени се 5,187 милиони млади лица (лица помлади од 25 години), од кои три милиони се во еврозоната.

Најголема невработеност меѓу малдите во ЕУ има во Грција (57 проценти), Шпанија (54 проценти) и Хрватска (48 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП