5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИндија ја запре исплатата за британските хеликоптери поради сомнеж за корупција

Индија ја запре исплатата за британските хеликоптери поради сомнеж за корупција

helikopter

Индиската Влада одлучи да прекине со исплата на парите од зделката со британската компанија „Аугуста Вестленд“, откако двајца директори од оваа компaнија, како и на италијанската корпорација-мајка „Финмеканика“, беа уапсени под сомнение за примање поткуп и даночни измами.

На заедничка прес-конференција во Њу Делхи, на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој се наоѓа во тридневна посета на Индија, за потикнување на бизнис соработката и на неговиот домаќин Манмохан Синг, индискиот премиер изрази „длабока загриженост“ за најновите случувања во овој британско-италијански воен комплекс. Камерон изјави дека „фирмата каде има сомневање за корупција е италијанска“.

Лондонските медиуми, сепак, оценуваат дека постапката на Владата во Њу Делхи и изјавата на премиерот Синг, претставуваат јавно осрамотување на британската страна, токму во време на посетата  во која Велика Британија се нуди како силен и стабилен деловен и инвестиционенен партнер на индиската економија.

Од британска страна, на Владата во Њу Делхи и се дадени ветувања дека официјелен Лондон ќе ја известува Индија за текот на истрагата и ќе и ги пренесе сите сознанија што ќе ги има околу сомневањето за корупција, како и околу апсењето на директорите, кои и обајцата се Италијанци.

„Аугуста Вестленд“ британска фирма од англиската област Сомерсет во 2010 година склучи договор со Владата на Индија за продажба на 12 хеликоптери за индиското Воено воздухопловство, во вредност од 480 милиони фунти. Набргу по обелоденувањето на зделката, се појавија сомнежи за давање поткуп, а италијанската полиција отвори истрага, затоа што „Аугуста Вестленд“ е дел од италијанскиот гигант „Финмеканика“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП