29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на активностите во францускиот производствен сектор

Остар пад на активностите во францускиот производствен сектор

francija-deficit

Активноста на францускиот производствен сектор, мерена со соодветниот индекс, во јуни се намали на 48,2 поени, што е нејзиното најниско ниво за последните шест месеци, покажуваат резултатите на Маркит.

Глобалниот индекс на производствениот сектор (ПМИ) во јуни изнесуваше 48,2 поени, по 49,6 поени забележани во мај, додека аналитичарите во просек очекуваа 47,8 поени, пренeсува Ројтерс.

Вредноста на ПМИ од 50 поени го одделува растот од рецесијата, а неговиот пад e во врска со намалувањето на обемот на производство, нагласува Маркит.

Обемот на нови нарачки во јуни е намален втор месец по ред, а стапката на пад е најголема од почетокот на годината, што, како што наведуваат менаџерите, ја одразува слабоста на домашната побарувачка на домашниот, но и на странските пазари.

Според оценката на економистот од Маркит, Тим Мур, оваа слабост во овие два месеци, може да продолжи во текот на целото лето.

Според неговите зборови, притисокот на маржата на производителите и повторното намалување на обемот на производите довеле до најсилниот пад на вработеноста од крајот на 2013 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП