2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle го купи сервисот Songza

Google го купи сервисот Songza

google_songza

Борбата за музичкиот престол полека се загрева. Тоа што се шпеклираше во последните неколку недели синоќа и конечно е потврдено – „Google“ ја купи „Songza“. Станува збор за популарен музички сервис за стриминг музика чиј главен адут секако е музиката врз основа на податоците за самите корисници, „Google“ токму тука ја гледа предноста од која бенифити ќе имаат и „Google Music“, како и „YouTube“.

„Songza“ веќе има големи количини на податоци за навиките на нејзините корисници, како и за музиката која ја слушаат во одредено време на денот, за одредените можности и друго. За разлика од големите сервиси како што се „Spotify“ и „Pandora“, кои првенствено се потпираат на алгоритми (а кои и не се толку напредни), „Songza“ музиката ја одредува со повеќе човечност – благодарејќи на податоците на корисниците.

Како што пренесува „TechCrunch“, сервисот иницијално би требал да биде купен за нешто повеќе од 15 милиони долари. Сепак, во меѓувреме се јавија и други заинтересирани купувачи, па така оваа цена значително се зголеми, но и овој пат точниот износ не стигна до јавноста. Од „Google“ велат дека работата на „Songza“ ќе остане непроменета, но и дали талентот и вештините ќе бидат применети и на другите сервиси, првенствено на „Google Music“.

Лансирана во 2007-ма, „Songza“ досега успеа да собере повеќе од 5.5 милиони корисници. Сервисот досега доби 6.7 милиони долари инвестиции, а во него меѓу останатите вложи и „Amazon“.

Од „Google“ велат дека ќе се потрудат во наредните месеци да го имплементираат сето тоа што корисниците го сакаат кај „Songza“ во „Google Music“, како и во останатите „Google“ производи меѓу кои е и „YouTube“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП