3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 чудни меѓународни деловни обичаи

5 чудни меѓународни деловни обичаи

58902_shutterstock-147046952_630x0

Пробајте да се „изгубите“ во хамбургерот за време на деловниот ручек во Индија или да нарачате тура пијалоци на ваша сметка по склучување на договор во Саудиска Арабија и ќе видите колку брзо вашите клиенти ќе станат поранешни клиенти. Ако вашата работа е таква што често стапувате во контакт со странци, ќе мора да се запознаете со нивните обичаи, со цел некоја ваша постапка да не ја уништи целата работа.

ЈАПОНИЈА – НЕ ГО ВИКАЈТЕ ШЕФОТ ПО ИМЕ

Од времето на царевите, Јапонија директно премина во индустриска ера, а нивниот феудален систем ни од далеку не беше пријатен. Иако ги отворија своите врати кон Западот, Јапонците ја задржаа почитта кон хиерархијата. Да го наречете својот пријател Роберт-сан би било соодветно доколку Роберт е дете. Наставката „сан“ означува едначење или подреден однос. А што ако Роберт е шеф? Обраќајте му се со господине, господине директор и слично.

ШПАНИЈА – ВНИМАТЕЛНО СО РАКУВАЊЕТО

Во некои земји сеупте важи дадениот збор, довербата, а понекогаш доволно е само ракување. Писмените договори доаѓаат подоцна. Ваквиот релаксиран однос кон склучувањето договори постои во Шпанија, во која разговорот со по некоја чашка и премолчениот договор можат да значат дека всушност договорот е склучен.

БЛИСКИОТ ИСТОК – НИКОГАШ НЕ ОДБИВАЈТЕ ПОНУДА ЗА ЧАЈ

Ова правило не се однесува на Израел, но во секоја исламска земја, ако ви понудат чај, треба да го прифатите. Дури и да не сте жедни, земете ја чашата или шолјата и ставете је пред вас.

ИЗРАЕЛ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЦЕНКАЊЕ

Не е стереотип – Евреите и Арапите сакаат да се ценкаат. Неведената цена на некој производ, на Блискиот Исток никогаш не е конечна. Без разлика дали станува збор за автомобил или марама. Исто така, немојте да се изненадите ако некој од нив кој купува од вас побара пониска цена. Ценкањето едноставно е посилно од нив.

И УШТЕ ЕДНАШ ЈАПОНИЈА – ЗАБАВИ ДО ЗОРИ

Заборавете се што знаете за Јапонците од бизнис светот, само на неколку часа. Од Јапонците се очекува да поминуваат дополнително време со своите колеги на работа, на сметка на семејниот живот.

Но, тогаш од нив се очекува потполно да „откачат“.

Компаниите обично купуваат огромна количина шишиња скапи пијалоци кои се служат на посебните службени излегувања и во ноќните клубови. Дури, по склучување на некој голем договор обичај е директорот да добие бонус плата која треба да ја искористи за свое уживање, а за тие трошоци мора да има сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП