26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФорбс: Топ 10 најмоќни славни личности

Форбс: Топ 10 најмоќни славни личности

1404254877forbes-lista

Магазинот Форбс ја објави листата на најмоќните светски ѕвезди. Оваа листа на најмоќните луѓе во светот не се прави само врз основа на заработката, туку и според популарноста и појавувањето во медиумите.

Во тој случај првото место го зазема Бијонсе. Бијонсе на својата турнеjа „Mrs. Carter Show“ заработи 2,4 милиони долари по настап, а имаше повеќе од 100 концерти. На крајот на минатата година објави албум, кој содржи и визуелен албум (14 спотови за секоја песна). Албумот заработи платинеста сертификација во десетина земји, и продаден е за само 17 дена во 1,3 милиони примероци.

Покрај сето тоа, големи суми на заработка доаѓаат и од „Pepsi“, „H&M“ и „House od Dereon“. Во период од една година, односно од 1 јуни 2013 година до 1 јуни 2014 година таа заработи 115 милиони долари од нив. Таа уште некое време ќе се задржи на првото место, а тука треба да се спомене и гигантската соработка со „Toyota“, и започната турнеја во јуни „On the Run“ со сопругот/раперот Џеј Зи. За турнејата се проценува дека ќе заработи повеќе од 100 милиони долари.

Beyonce-And-Jay-Z-on-the-run

На второто место е Леброн Џејмс со 72 милиони долари.

На третото место е Др. Дре кој за една година заработи дури 620 милиони долари.

Следна на листата е Опра Винфри, која за една година заработила 82 милиони долри.

Елен Деџенерис се наоѓа на петтото место со заработени 70 милиони долари.

the-ellen-degeneres-show-2-960x540

На шестото место е раперот Џеј Зи со 60 милиони долари.

Седмото место е резервирано за Флојд Мејведер со 105 милиони долари.

Осмото место го зазема познатата пејачка Ријана со 48 милиони долари. 

Rihanna 2013

На деветото место е Кети Пери со заработка од 40 милиони долари.

На десетото место е Роберт Дауни Џуниор со 75 милиони долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП