18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол ја намали цената на природниот гас

Макпетрол ја намали цената на природниот гас

makpetrol-gas

„Макпетрол“ од 1 февруари 2013 ја намали цената на природниот гас за 3,08 отсто во однос на јануари годинава. Ова е второ намалување на цената од страна на оваа компанија од почетокот на годинава, со што вкупното намалување изнесува 19,73 отсто во однос на декември минатата година.

– Со ова се одржува тенденцијата за намалување на цената на природниот гас годинава. Тоа придонесе и за намалување на животните трошоци во јануари годинава, споредено  со декември минатата година, се наведува во соопштението од „Макпетрол“.

Според компанијата, со ова последно намалување на цената, природниот гас станува поконкурентен во однос на мазутот, а при согорување има многу пониски емисии на штетните гасови.

Годинава „Макпетрол“ ја намали и цената на метанот за моторните возила на 49 денари за килограм, со што ова гориво станува уште поекономично за примена во сообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП