26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосовците трошат 200 милиони евра за летните одмори

Косовците трошат 200 милиони евра за летните одмори

llklll

Повеќе од 200 милиони евра косовските граѓани трошат за време на летната туристичка сезона.

Статистиката потврдува дека околу милион Косовци се одмараат на крајбрежјата на соседните земји, најмногу во Албанија и Црна Гора.

Причината зошто ги избираат Албанија и Црна Гора, поточно Улцин, е поради нивната слаба економска моќ, но и поради фактот што овие две земји имаат безвизен режим со Косово.

Само еден отсто од косовските граѓани за одмор ја избираат Турција, каде одат на елитен туризам.

Бројот на Косовците, во земјите каде некогаш уживаа да одмараат, како Бугарија, Грција, Хрватска или некоја друга земја, сега е симболичен.

Косовците кои одат на одмор на албанското грајбрежје главно се сместуваат во приватни станови.

Поголемиот дел од нив храна подготвуваат сами, а по рестораните и хотелите трошат многу малку.

Тоа придонесува Албанија да нема некој голем профит од овој вид туризам, кого некои експерти го нарекуваат дури „одвратен“ туризам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП