6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s се шири во Русија, но не и на Крим

McDonald’s се шири во Русија, но не и на Крим

mcdonaldsdkl4309ty54ujyhop45j[ohyj4[6pjhu

Ланецот ресторани за брза храна планира до крајот на оваа година да отвори 70 ресторани во 30 градови во Русија, изјави директорот за развој на оваа компанија Ленар Култин.

Тоа, сепак, не се однесува на Крим, каде што локацијата која претходно ја користеше „McDonald’s“ за свој ресторан ќе биде преземена од „Rusburger“, објавува Итар Тас.

„Rusburger“ е руски ланец на ресторани за брза храна заснован на сопствени производи, декларирани како еколошки, како и другите руски производители.

„McDonald’s“ првите, од 70 планирани ресторани, ќе ги отвори во градовите Новосибирск, Томск и Омск, каде досега не беше присутен, прецизираше Култин. Тој одби да каже дали „McDonald’s“ повторно ќе се врати на Крим.

Во април оваа година популарниот „McDonald’s“ ја запре работата на своите ресторани во Симферопол, Севастопол и на Јалта, објаснувајќи го тоа како последица од тешкотиите со финансиските услуги. На вработените им беше понудено да се префрлат во други ресторани, со задржување на своите позиции и платите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП