27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапленети фалсификати во Куманово

Запленети фалсификати во Куманово

zaplenaparfemioblekazapleneti

Парфеми и облека, денеска запленија инспекторите на Зелениот пазар во Куманово при редовната контрола што ја спроведе владиното тело за заштита на интелектуална сопственост во делот на заштита на интелектуалната сопственост, повреда на авторските права и индустриска сопственост.

Десетина инспектори и МВР ги исконтролираа тезгите на пазарот во Куманово кои продаваат фалсификувани производи од познатите трговски марки како што се “Армани”, “Босс”, “Најк”, “Адидас” и други познати бренодви. По извршената контрола одземени се производите и донесени се во иснпекторатот. Против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Мите Костов од Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост.

Координативното тело извршило и редовни контроли во пет приватни здравствени ординации, три кабелски телевизии, пет геодетски друштва.

На пазарот при акцијата одземени се парфеми од различни брендови, рече Костов и најави дека акциите продолжуваат и во другите градови од Македонија.

Согласно законските прописи против прекршителите ќе бидат изречени соодвети казни. Во геодетските друштва и приватните ординации се работело согласно законот, во едната кабелска телевизија контролата покажала дека се работи согласно прописите, а во останатите две, информираа од Координативното тело се уште трае контролата. Постојаните контроли велат надлежните покажуваат резултати, особено во геодетеските друштва, во делот на поседување лиценциран софтвер, но најавија дека ќе следат дополнителни контроли во поглед на заштитата на интелектуалната сопственост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП