4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаринско куче откри шверцери на марихуана

Царинско куче откри шверцери на марихуана

car-5 mid

Запленети се 340 грама марихуана при контрола на патничко моторно возило со босански регистарски ознаки, што ја спроведоа вчера на граничниот премин „Табановце„ македонски царински инспектори од Одделението за оперативни работи со помош на куче – трагач.

Според соопштението од Царинската управа на Македонија, марихуаната е пронајдена при контрола на возило Шкода Октавија со босански регистарски ознаки, пријавено за излез од државава. Возилото го управувал босански државјанин со иницијали Х.Ф., со кој патувалo уште едно лице Д.С., исто така босански државјанин. Против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На прашање на царинските службеници, двете лица одговориле дека откако изнајмиле рент-а-кар возило, од Босна се упатиле кон Македонија и неколку дена туристички престојувале во државата.

Возилото е селектирано за контрола, со помош на царинско куче кое при доближување кон задниот дел од возилото почнало да дава индикации дека внатре има нешто сомнително. По ова, веднаш е пристапено кон детална контрола и во фабричка шуплина на возилото, помеѓу задното лево крило и багажниот простор пронајдено е едно пакување обвиткано со најлонска фолија и прелепено со кафеава селотејп трака, наполнета со тревкаста непозната материја. На тестер за наркотици НИК е утврдено дека се работи за наркотична дрога марихуана со тежина од околу 340 грама, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП