3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром го зголеми извозот во Европа

Газпром го зголеми извозот во Европа

8122640775396c613d3755895289401_640x427

„Газпром“ во првиот квартал од оваа година извезе 2,8 проценти повеќе гас отколку во истиот период во 2013 година, вкупно 82,88 милијарди кубни метри, изјави директорот Алексеј Милер.

Испораките на гас од Русија во Европа продолжуваат да растат. Во првиот квартал од 2014 година „Газпром“ надвор од Заедницата на независни држави извезе 2,8 проценти повеќе гас, дури и со оглед на фактот дека 2013 година беше рекордна година во целата историја на компанијата, укажа Милер.

Тоа јасно покажува дека странските потрошувачи продолжуваат да се определуваат за рускиот гас, додаде тој.

Како што претходно објави Итар тас, испораките на рускиот гас во западна Европа во 2013 година биле зголемени за 20 проценти, на 127,05 милијарди кубни метри. Испораките во источна и централна Европа се зголемени за 4,3 проценти и достигаа 34,43 милијарди кубни метри.

Вкупниот извоз на гас во Европа минатата година е зголемен за 16,3 проценти на годишно ниво, на 161,48 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП