7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобри резултати на индонезиската економија

Добри резултати на индонезиската економија

indonesija23

Индонезија денеска соопшти дека по тримесечен дефицит на извозно – увозниот баланс, од по речиси две милијарди долари месечно, во мај е постигнат позитивен баланс од околу 70 милиони долари. Во Џакарта е соопштено дека и инфлацијата во јуни е намалена на 6,7 посто, што за оваа 250 милионска држава е добар резултат.

Индонезијците искажаа задоволство и од остварениот пораст на БДП во првиот квартал на годинава од 5,21, со што се остваруваат плановите за остварување на вкупен БДП од над илјада милијарди и 150 милиони долари.

Задоволство од добрите резултати во економијата го зголеми и извештајот за зголемување на туристичкиот промет. Само во мај Индонезија ја посетиле 752 илјади странски туристи кои оствариле над 10 милиони ноќевања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП