28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународна конференција за Евроазиски економии 2014

Меѓународна конференција за Евроазиски економии 2014

Univerzitet ukim

На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ од денеска започна дводневна Меѓународна конференција за евроазиски економии2014, во организација Бејкент Универзитетот од Турција, Туркманас Универзитетот одКиргистан, а домаќин е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Според деканот на Економскиот факултет Љубомир Дракулевски конференцијата има за целда се разменат искуства, да се споредат резултати и да се дадат препораки за подобрасоработка во иднина.

„Големиот интерес на конференцијата покажува дека навистина има потреба да се разговара како од академска страна така и од бизнис заедницата. Имаме учесници од над 20 земји. Во овие два дена ќе ги споделиме нашите размислувања но и ќе ги пренесеме на сите присутни“, истакна Дракулевски.

За деканот на Бекент Универзитетот од Турција Селахатин Сари оваа конференција ќе ја пополни, како што кажа, празнината која постои во евроазиската економска заедница.

„Ние како академска организација сакаме оваа евроазиска зедница на економии да ја направиме од аспект на економски поглед. Како што се знае луѓето што се занимаваат со овие проблеми ги гледаат од нивен личен аспект а ние сакаме да го обработиме тие проблеми од аспект на универзитетски поглед и да им дадеме академска димензија. Политичарите овие работи ги гледаат од свој аспект но како професор-економист сметам дека сите проблеми треба да се дискутираат и со академците. На конференцијата има партипициенти од 20 земји од повеќе универзитети“, нагласи Сари.

Посочи дека на конференцијата ќе се анализираат регионалните економии од аспект на професоналци како што се професорите, а резултатите од презентираните статии ќе се искористат за подобрување на економијата во регионот.

На работните сесии на конференцијата со свои трудови ќе се претстават околу 200 истакнати професори од регионот на Евроазија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП