3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанка на РМ е предлогот за новото име на НБРМ

Банка на РМ е предлогот за новото име на НБРМ

nbrm1111

Банка на Република Македонија е предлогот за новото име на Народната банка на Република Македонија предвидено со последните уставни измени.

Според гувернерот на НБРМ Димитар Богов во меѓународната пракса има примери и за досегашното име и за идното име на Централната банка.

„Преовладува новата опција за името. Во светот имаме Банка на Франција, Банка на Шпанија, Банка на Англија…, така што тој тип на име доминира“, изјави Богов.

Тој додаде дека со промена на името ќе се менуваат и банкнотите, но оти тој процес ќе се одвива постепено, со печатење нови банкноти кога од употреба ќе се повлечат старите поради излитеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП