27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија сака раст, а не штедење

Италија сака раст, а не штедење

Italy-EU

Италија за време на претседавањето со ЕУ ќе се концентрира на економскиот раст и вработувањата, изјави денес Стефано Санино, амбасадорот на оваа земја во ЕУ.

„Мерките за штедење не треба да го попречуваат растот, изјави Санино во видео пораката која денес е поставена на интернет страната на ЕУ.

Тој истакна дека разликите меѓу италијанскиот премиер Матео Ренци, кој се залага за инвестиции во растот и вработувањето, и германската канцеларка Ангела Меркел, која ги форсира мерките за штедење, се огромни.

Санино наведе дека италијанското претседавање во наредните шест месеци ќе се темели врз три столба: развој на пазарната конкуренција, особено во областа на енергетиката, привлекување на инвестиции и обезбедување на развој без оглед на мерките за штедење.

„Резултатите од европските избори не принудуваат да водиме агресивна политика за раст и вработување“, истакна тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП