6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозона: 18,6 милиони невработени

Еврозона: 18,6 милиони невработени

nevrabotenievrozona468484

Бројот на невработени лица во 18 земји членки на еврозоната малку опадна во мај, но не доволно за да ја намали и стапката на невработеност која остана на ниво од 11,6 проценти.

Еуростат наведе дека вкупниот број на невработени во 18 земји кои како заедничка валута го користат еврото, во мај е намален за 28,000 во однос на месец април и изнесува 18,6 милиони.

Сеуште е висока разликата меѓу северот и југот: стапката на невработенот, според податоците на ЕУ, во Германија изнесувала 5,1 проценти, додека во Италија и Шпанија изнесувала 12,6, односно 25,1 проценти.

Според стапката на невработеност која денес ја објави Канцеларијата за труд во Германија, стапката на невработеност во таа земја во мај изнесувала 6,6 проценти, додека во јуни таа се намалила на 6,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП