15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебито на новата Opel Corsa е закажано за октомври

Дебито на новата Opel Corsa е закажано за октомври

corsa nova093

Германскиот производител на автомобили „Opel“ откри нови детали за петтата генерација на моделот „Corsa“.

Како што соопшти компанијата, новата „Corsa“ наскоро ќе влезе во сериско производство, а во тек се завршните проверки и тестирања на прототиповите, со цел да се заврши финото подесување на сите компоненти.

„Opel Corsa E“ меѓу останатото го носи и 1.0 ECOTEC бензинскиот мотор на новата генерација со нов шестстепен мануелен менувач, како и нова механичка платформа и подобрено управување.

Новиот 1.0-литарски трицилиндарски турбо бензинец произведува 115 ks (85 kW), со „Sport“ и „Comfort“ шасија.

Само за споредба, актуелната „Corsa D“ наместо овој мотор користеше 1.4-литарски 100 ks (74 kW) и 1.4-литарски турбо-бензинец кој развива 120 ks (88 kW).

„Opel“ се уште официјално не го потврди датумот на премиерата, но се очекува новата „Corsa“ да и биде претставена на публиката во октомври на авто-саемот во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП