14 февруари, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрза темпото на раст на производната активност во Кина

Забрза темпото на раст на производната активност во Кина

kina5

Производната активност во Кина порасна во јуни со најбрзото темпо од почетокот на оваа година, што значи дека напорите на официјален Пекинг започнаа да даваат резултати.

Официјалниот индекс за управување со набавките (ПМИ) за кинескиот индустриски сектор порасна во јуни на 51 поен, што е повеќе во однос на мајските 50,8 поени и најдобар резултат од декември минатата година, соопшти кинескиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Тој индекс ја следи преработувачката активност во кинеските фабрики и работилници, и е мерило за здравјето на кинеската економија. Податоците над 50 поени укажуваат на зајакнување на секторските активности, а податоците под 50 поени на нивно слабеење.

Во одделно соопштение на британската банка HSBC, кинексиот ПМИ во јуни изнесуваше 50,7 поени, што е благо под прелиминарната минатомесечна прогноза од 50,8 поени, но значително над мајските 49,4 поени.

„Континуираното закрепнување во производната индустрија следеше, и покрај појавувањето на податоци за пригушена продажба на недвижнини во јуни“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП