2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBNP Paribas заработи глоба од 8.97 милијарди долари

BNP Paribas заработи глоба од 8.97 милијарди долари

france-bnp-paribas

Францускиот банкарски гигант „BNP Paribas SA“ ја призна вината за фалсификување на деловни документи, па поради тоа ќе плати казна од дури 8.97 милијарди долари, најголемата парична глоба во американската историја, јавува „Bloomberg“.

Тед Старишевски, помошникот јавен обвинител во државата Њујорк потврди дека банката во подолг временски период ги кршела прописите, т.е. за ваквото работење знаел само врвот на „BNP“.

Регулаторната банкарска агенција во државата Њујорк побара банката да ја напуштат 13 директори.

„BNP Paribas“ претходно соопшти дека одвоиле 1.1 милијарди долари за покривање на трошоците од американската казна, по што беше предупредена дека износот на глобата ќе биде далеку поголем од тој што го имаат резервирано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП