8 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarrefour го купува ланецот маркети Billa

Carrefour го купува ланецот маркети Billa

Billa_supermarket

Најголемиот француски дистрибутер „Carrefour“ од германската групација „Rewe Group“ ќе го откупи ланецот од 53 супермаркети „Billa“, сместени во северниот дел на Италија.

„Rewe Group“ е еден од водечките европски малопродажни ланци кој брои 326.000 вработени во 16 европски земји, во околу 15.500 продавници.

Износот на трансакцијата со „Carrefour“, кој треба да биде одобрен од соодветните регулаторни тела, сеуште не е соопштен, пренесува Ројтерс.

„Carrefour“ во соопштението наведе дека овие продажни објекти заземаат вкупна површина од 58 илјади квадратни метри и дека во 2013 година нивниот вкупен приходи изнесувал околу 300 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП