3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонската економија продолжи да забавува

Јапонската економија продолжи да забавува

japonija156

Мешовитите економски податоци од Јапонија укажуваат на тоа дека економијата продолжува да забавува по растот на данокот на промет на почетокот на вториот квартал.

Официјалните податоци во Токио покажаа дека домашната потрошувачка и бројот на новоизградени домови во мај се намалени, додека индустриското производство е помало од тоа што првично беше очекувано, пренесува агенцијата АП.

Јапонската економија во првите три месеци од оваа година беше една од најбрзорастечките во индустријализираниот свет, со раст од 6,7 проценти на годишно ниво. Сепак, на 1. април данокот на промет беше зголемен од пет на осум проценти, кој, како што се очекуваше, доведе до забавување на економијата во три месеци заклучно со јуни.

Фабричкото производство во третата по големина светска економија порасна во мај за 0,8 проценти на годишно и 0,5 проценти на месечно ниво, потфрлувајќи во однос на очекувањата, соопшти јапонското Министерство за економија.

Резултатот од минатиот месец сепак претставува добра вест по падот на производството од 2,8 проценти во април.

Бројот на новоизградени домови во мај се намали за 15 проценти на годишно ниво, а изградбата на станови забавува уште од октомври, кога таа го достигна својот врв.

Домашната потрошувачка е намалена минатиот месец за осум проценти, што е најостриот пад во последните три години.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе започна нова економска стратегија со цел прекинување на повеќегодишната дефлација. Минатата недела, Абе, најави нова низа мерки со кои треба да се поттикне растот и конкурентноста, ветувајќи дека ќе го намали огромниот јавен дефицит и дека ќе ги мотивира компаниите повеќе да трошат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП