6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПред охридските угостители презентиран Водичот за НАССР принципите за операторите со храна

Пред охридските угостители презентиран Водичот за НАССР принципите за операторите со храна

fitness-and-food

Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ, денеска пред хотелскиот и угостителскиот еснаф на Охрид го презентираа Водичот за НАССР принципите за операторите со храна, особено во угостителската дејност.

Претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески, при презентацијата на брошурата ја нагласи основната функција на НАССР системите – безбедноста при подготовката на храната низ целиот процес, од влезот на прехранбените продукти, преку подготовката се до послужување на готовата храна.

„Станува збор за прирачник, водич што ќе им помогне на сите оператори со храна, угостителите, во производството и пласирањето безбедна храна. Прирачникот е прилагоден на денешните услови, изработен од страна на Агенцијата за безбедност на храната, со тоа што преку соработка со угостителскиот еснаф е осмислен да понуди одговори на сите прашања од интерес на операторите со храна“, истакна Танески.

Танески појасни дека НАССР системот не е ништо друго туку хигиенска пракса – редица процедури што се спроведуваат со цел правилно манипилурање и чување на прехранбените продукти, како и процедури на обработка и подготовка на храна.

„Добро е што на ваквите работилници можат угостителите да се информираат за се што ги интересира. Непознавањето на материјата секогаш претставува психолошки товар. Самата имплементација на НАССР системот за принципите за безбедна храна не е воопшто скап, станува збор за вообичена практика кога се работи со храна, односно за начините за правилно и безбедно ракување со прехранбение продукти и подготовка на храна“, нагласи тој.

Претседателот на ХОТАМ истакна дека денешната презентација во Охрид делумно е и во насока на информирање на охридските угостители за правилата и законските одредби кога станува збор за безбедна храна, во смисла на главната туристичка сезона, кога се зголемуваат контролите низ угостителските објекти, со цел да се избегнат казнувања на угостителите, а истовремено да се заштитат туристите од несакани случаи на труења со храна.

Водичот за НАССР принципите за операторите со храна претходно е презентиран во Струмица, а покрај во Охрид, ќе биде презентиран и во останатите поголеми градови во земјата и бесплатно ќе им се нуди на заинтересирани субјекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП