ЕКОНОМИЈА

Јавниот долг на Франција се зголеми на 93,6 проценти од БДП

francijajdnbh43tr4

Јавниот долг на Франција во првиот квартал од оваа година се зголеми за 45,5 милијарди евра и на крајот на месец март изнесуваше 1.985,9 милијарди евра.

На тој начин, францускиот јавен долг достигна 93,6 проценти од бруто домашниот производ, соопшти денес францускиот Национален Институт – ИНСЕЕ, пренесува агенцијата Ројтерс.

Во однос на крајот на 2013 година, учеството на долгот во БДП во Франција е зголемено за 1,8 процентни поени.