7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто големите бизнисмени носат со себе за среќа?

Што големите бизнисмени носат со себе за среќа?

detelinachetirilista

Велат дека суеверен е секој што е успешен…

Ќе се изненадите што се успешните луѓе носат со себе без оглед дали патуваат, држат состаноци, преговараат или поминуваат обичен ден во канцеларија.

Што носат повеќето?

Биосензор околу рачниот зглоб кој во секој момент ја покажува работата на срцето, температурата, бројот на вдишувања и движење носат неколку успешни луѓе. Тие велат дека тој им носи среќа и дека во секој момент им ги дава саканите резултати за тоа во каква состојба е нивното тело.

Елек со товар. Извршниот директор на „Reputation.com“ Мајкл Дертик секогаш на себе носи ваков „тежок“ елек со цел постојано да го одржува тонусот на мускулите и во моментите кога не е во теретана. Тој вели дека ваквата грижа за телото го стимулира подобро да работи и размислува, а воедно и да не го запоставува своето здравје.

Ништо без портокалово. Не е реткост успешните и суеверни луѓе на себе да носат некоја од нивните среќни бои. Портокаловата боја е најчесто избрана од нивната страна.

Бизнисменот Естер Дајсон секогаш со себе носи костим за капење и капа за пливање. Тој уште од својата осумнаесета година секое утро плива и во базенот носи многу важни одлуки.

Некои носат љубовни писма од својата жена или од некоја голема љубов. Дон Пеперс со себе носи ист број на лубовни писма од својата жена со бројот на денови поминати на службеното патување, тој вели дека токму тие писма му носат најголема среќа во работата и тој никогаш не ги заборава.

Некои од бизнис лидерите признале дека на патот кон работа кога станува збор за многу важен ден тие си ја пеат својата омилена и среќна песна или во своите џебови носат драги каменчиња или некој предмет кој за нив има голема важност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП