2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната мирува

Инфлацијата во еврозоната мирува

inflacijacenigermanija5e4f4f4ew4

Стапката на инфлација во еврозоната мируваше во јуни на ниските 0,5 проценти, покажаа денешните податоци на Европскиот завод за статистика Еуростат.

Еуростат во прелиминарната проценка за јуни наведува дека основната стапка на инфлацијата, од која се исклучени традиционално променливите цени на храната и горивото, овој месец забрзала на 0,5 проценти од 0,7 проценти во мај, пренесува агенцијата АП.

Европската централна банка (ЕЦБ) смета дека инфлацијата треба да изнесува околу два проценти и таа покрена низа агресивни мерки за поттикнување на растот и зајакнување на европската економија.

Некои економисти предупредуваат дека упорно ниската инфлација може да води кон дефлација, односно пад на цените кој го гушат економскиот раст, ЕЦБ наведува дека ниската инфлација во монетарната унија претставува причина за загриженост, но дека не се очекува дека еврозоната ќе западне во дефлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП