3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧленови на Унит ќе бараат отпис на долговите

Членови на Унит ќе бараат отпис на долговите

stecajci-s22

Шестотини и осумдесет членови на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок „Унит“ ги исполнуваат условите за отпис на долговите и неплатени комуналии.

Претседателката на Здружението Лилјана Ѓеорѓиевска информира дека дел од членовите на здружението не ги исполнуваат условите, бидејќи нивните сопружници имаат приходи.

„Најголем дел од нашите членови ќе побараат отпис на долгови направени за комуналии, електрична енергија и радиодифузна такса. Стечајците немаат земено кредити од банките, така што нашите членови немаат долгови по таа основа“, рече Ѓеорѓиевска.

Од Здружението ” Унит”, информираат дека секој нивен член поединечно ќе поднесува барање за отпис на долговите, но дека како здружение ќе го следат процесот и ќе бидат во постојан контакт со надлежните институции.

„Ја поздравуваме оваа мерка, но сепак бараме од Владата да го прифати нашиот предлог-закон, за конечно да се реши нашиот статус и за да може редовно да си ги подмируваме нашите обврски“, вели Ѓеорѓиевска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП