27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазни за Philips, Infineon и Samsung

Казни за Philips, Infineon и Samsung

sim karticki8882

Според информацијата на „Reuters“, европските регулаторни тела ја истражуваат можноста за казнување на „Philips“, „Infineon“ и „Samsung“ поради договарање на цената на чиповите за „SIM“ картичките.

Целиот случај започна со упадот на претставниците на регулаторите од ЕУ во канцелариите на трите компании во октомври 2008-та поради сомневањето во нивното работење со чиповите за „SIM“ картички. Минатата година е покренато обвинение против компаниите поради здружување во картел.

Казната за компаниите би можела да биде одредена кон крајот на јули или во септември, а според прописите на ЕУ тие може да бидат казнети во износ со 10% од вкупните годишни приходи на компаниите на глобално ниво. Обвинетите компании првично сакаа да се договорат, односно да ја прифатат винатата и казната да им се намали за 10%, но преговорите пропаднаа минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП