11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFlydubai стартува линии за Аден и Кандахар

Flydubai стартува линии за Аден и Кандахар

FLYDUBAI.jpg

Flydubai најавува нови летови, за Аден (Јемен) три пати во неделата, како и за два лета неделно за Кандахар (Авганистан). Линијата за Кандахар ќе стартува на 25 јули, а за Аден ќе стартува на 1 август. За  приближно 8000 македонци кои патуваат во Авганистан, стартувањето на овие линии значително ќе го олесни патување и авионските врски.Со овие две нови линии, мрежата на авиокомпанија се зголемува на 68 дестинации. flydubai ќе стане првиот авиопревозник од Емиратите којшто лета директно и за Аден во Јемен и за Кандахар во Авганистан. Во 2012 година беа воведени линиите за Сана, главниот град на Јемен, а во 2010 за Кабул, главниот град на Авганистан.

„Со големо задоволство ги најавуваме летовите за Аден и Кандахар. Овие најнови линии на нашата мрежа ќе отворат уште повеќе можности за патување и поврзување на овие две земји. Покрај тоа Флајдубаи ќе понуди и бизнис класа за двете дестинации“, изјави Гаит Ал Гаит, извршен директорт на компанијата.

flydubai Aircraft Sky Interior IFE

Од трите нови лета што flydubai ги воведува, еден ќе оди преку Џибути. Овој нов сервис ќе ги зголеми бројот на летови кон Џибути на шест летови неделно. Покрај тоа во продажба се и карти за летови помеѓу Аден и Џибути.

Летовите кон двете дестинации ќе нуди и бизнис класата, на ниво на компанијата воведена кон крајот на минатата година. Бизнис класата на компанијата flydubai на патниците ќе им понуди исклучително опслужување и персонализирано искуство при летот. Патниците во бизнис класата ќе уживаат во приоритетна постапка во чек-ин процедурата и посветен дваесетчасовен сервис којшто им овозможува букирање или одговор на прашања во текот на патувањето. Комфорните пространи седишта, изработени од италијанска кожа, имаат добро закривен наслон. Наградуваниот систем за забава на компанијата се прикажува на екран со висока резолуција од 12,1 инчи којшто е осетлив на допир. Покрај тоа, во понудата е селекција од интернационално инспирирани менија и освежување кои се послужуваат во текот на летот.

flydubai 005

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП