16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИXerox се приклучува кон програмата за повторно користење на електрониката и зголемување...

Xerox се приклучува кон програмата за повторно користење на електрониката и зголемување на стандардите во рециклирањето

Xeroxlogo

Xerox (NYSE: XRX) објави дека се приклучил кон коалицијата SERI – Sustainable Electronics Recycling International, за да помогне во лансирањето на програмата која ги поттикнува компаниите одговорно да ја користат и да ја рециклираат електрониката.

Поддржувајќи ја оваа иницијатива Xerox ја продолжува својата водечка улога во екологијата за да создаде подобар, позелен свет. Xerox се наоѓа меѓу 10-те компании кои склопиле партнерство со коалицијата SERI и ја поддржуваат програмата R2 Leader.

„Имаме долга традиција во поддржување на одговорното рециклирање, затоа ова за нас е природен пат“, рече Diane P. O’Connor, потпретседателка, Global Environment, Health, Safety and Sustainability, Xerox. “Веќе со години ги проверуваме добавувачите за рециклирање пред да им ја испратиме нашата електроника и ги охрабруваме другите компании да го прават истото. Сертификатот R2 потврдува дека се работи за одговорни добавувачи за рециклирање. Тоа е одлично за Xerox и нашите купувачи бидејќи го проширува досегот на нашата пракса на одржливост и го зголемува нашето влијание на светот.“

Грижата на компанијата Xerox за околината трае веќе долго, откако е претставен првиот канцелариски уред којшто испишува двострано. Xerox исто така на купувачите прв им понуди канцелариска опрема со опција за зачувување на енергијата. Денес, Xerox продолжува со иновациите за подобар свет, креирајќи услуги и технологии кои имаат помало влијание на околината, вклучувајќи паметно паркирање, решенија за превоз и ConnectKey® технологија со решенија како Cisco® EnergyWise.

Со влегувањето во програмата R2 LEADER, компаниите се обврзуваат за поддршка и го имаат предвид сертификатот R2 кога бираат партнер за рециклирање. Членовите R2, uвклучувајќи го и Xerox, сега имаат водечка улога во проектите за одговорна повторна употреба и рециклирање во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП