9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако ќе стигнете до успехот ако не сте ја пронашле својата сфера...

Како ќе стигнете до успехот ако не сте ја пронашле својата сфера на интерес?

glavna(15)

Можеби им било полесно да дојдат до успехот оние кои веднаш препознале во што се најдобри, но што ако немате некои посебни вештини со кои се истакнувате? Дали рецептот за успех е баш секогаш во пронаоѓањето и напорната работа во една сфера?

Што ако сте добри во многу работи?

Добра вест е дека всушност мал број на успешни луѓе се добри само во една работа. Нив најчесто ги интересира ефикасна мешавина на повеќе работи кои се важни.

Бил Гејтс, на пример, не е најдобар програмер на светот, ниту е најдобар говорник, продавач, визионер или сметководител. Тој е просечен во овие работи, но, успеал да ги соедини сите свои вештини заедно во нешто далеку повредно.

Вил Смит не тврди дека е најдобар актер и пејач на светот. Но, тој ги соедини овие вештини кои во комбинација со шармантната личност му донесоа голема слава и успех. Неговата целина е далеку подобра отколку неговите поединечни способности.

Многумина од овие познати личности би направиле голема грешка ако се фокусирале на само една сфера во која се покажале како најдобри. Така, Стив Џобс можеше да стане најдобар продавач на половни автомобили, судејќи по она во што бил добар во младоста.

Дури и кога вашите вештини се просечни, ако добро и мудро ги комбинирате, можете да постигнете неверојатен успех. Да речеме дека сте просечен тенисер. Ја сакате играта ама знаете дека никогаш нема да бидете светски шампион. Само по себе оваа вештина не вреди многу, но ако ја комбинирате со вештината на добаро или солидно презентирање, можете да дојдете до добра заработка така што ќе правите видеа како се изведуваат поединечни елементи од тенисот, или ќе се промовирате себеси преку интернет. На тој начин можете да направите успешен онлајн бизнис на основа на она што го сакате. Ова функционира за секоја професија.

Просечниот бизнисмен треба постојано да се усовршува од страна, учејќи ги законите, говорот на тело, програмирањето, дизајнот, вештините за јавен настап и сето она што може да го издвои од другите во клучниот момент. Она што вас ве прави успешен е всушност комбинацијата на релевантните вештини како што се психологијата и дисциплираноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП