2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа ликвидност на бугарските банки 1,65 милијарди евра

За ликвидност на бугарските банки 1,65 милијарди евра

_75888737_19d179ef-bde2-4079-9605-84b527cf7d28

Европската комисија одобри 1,65 милијарди евра за обезбедување на ликвидност на бугарските банки.

Во соопштението на Европската комисија се наведува дека бугарската Влада вчера побарала одобрение за кредитна линија за поддршка на банкарскиот систем, по шпекулативните напади во последните недели.

“Европската комисија смета дека предлогот е во согласност со правилата на ЕУ, соопштија од Европската комисија.

Минатата недела граѓаните, по низата дезинформации за состојбата на комерцијалните банки во Бугарија, започнаа масовно да ги подигаат своите заштеди од Корпоративните банки, а потоа и од Првата инестициона банка.

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, по вчерашниот состанок со лидерите на политичките партии, министерот за финансии и гувернерот на Централната банка, изјави дека Бугарите нмаат причина за стравуваат за своите заштеди.

Плевнелиев изјави дека државните институции и политичките партии целосно ги подржуваат напорите за стабилизација на банкарскиот ситем во земјата.

Оваа земја од 2007 година е членка на ЕУ, а вкупните заштеди на граѓаните изнесуваат повеќе од 21 милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП