7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРасте профитот на Foxconn

Расте профитот на Foxconn

fox0

Тајванската компанија „Foxconn Electronics“ (Hon Hai Precision Industry) го објави својот финансиски извештај кој покажува дека компанијата во 2013-та година остварила рекорден приход од 131.82 милијарди долари.

Првиот човек на „Foxconn“, Тери Гуо најави дека приходите на компанијата ќе растат и во оваа година. Во втората половина од годината се планирани нови инвестиции кои би можеле да им донесат поголем профит.

„Foxconn“ моментално е вториот најголем производител на телефони во светот (веднаш зад „Samsung“) т.е. најголемиот производител на таблети во светот. Исто така, „Foxconn“ е дел од производството на 60% одсите сервери во светот.

Зa разлика од остатокот во индустријата во „Foxconn“ сметаат дека паметните роботи во иднина ќе остават поголем белег од преносните уреди. Компанијата е заинтересирана за развој на роботи, па затоа таа работа ја подели на два различни сектори.

Првите роботи ќе бидат наменети за користење во фабриките на „Foxconn“, додека другите роботи ќе им се продаваат на заинтересираните корисници.

При развојот на роботите тие ќе продолжат со досегашната пракса да соработуваат и со други компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП