2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија нема да се задолжува повеќе

Германија нема да се задолжува повеќе

40768181753ad6efc887d7779990719_640x427

Германија наредната година ќе ги зголеми буџетските расходи, но истовремено ќе го исполни и ветувањето на германската канцеларка Ангела Меркел која вети дека Германија нема да се задолжува повеќе.

Со буџетскиот план за наредната година, според тврдењата на официјалните лица, се предвидени поголеми средства за обрзованието, истражувањето и транспортот, со што ќе се зголемат буџетските расходи на 299,5 милијарди евра од 296,5 милијарди евра планирани во оваа година, пренесува агенцијата АП.

По позајмувањето на 6,5 милијарди евра за оваа година, германската влада планира до 2015 година повеќе да не се задолжува.

Според неименуваниот извор, германската влада очекува дека приходите од даноците ќе пораснат на 278,5 милијарди евра во 2015 година, од 268,7 милијарди евра, колку што изнесуваа во оваа година.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП