27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLidl планира масовна експанзија на пазарот во САД

Lidl планира масовна експанзија на пазарот во САД

185006658553b02a09166fa469513164_640x414

Германскиот трговски ланец „Lidl“ во многу краток временски период планира да инвестира околу 300 милиони долари за масовна експанзија на американскиот пазар, пренесува агенцијата Франс прес.

Од „Schwarz“ групацијата, во чии рамки работи компанијата „Lidl“, соопштија дека на тој начин ќе се вработат 2.500 нови работници.

Трговскиот ланец „Lidl“, кој експресно се рашири во 26 европски земји и во моментов поседува 9.000 објекти низ Стариот континент, претходно најави дека ќе отвори 100 објекти во САД, веќе на почетокот на наредната година, главно на Источната обала, како што тоа го направи и неговиот главен конкурент во Германија „Aldi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП