5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпасност за економијата на Русија

Опасност за економијата на Русија

rusijan2973ry932yr

Американската агенција за кредитен рејтинг „Moody’s“ ја намали прогнозата за кредитниот рејтинг на Русија, со oбразложение дека вмешаноста на оваа земја во украинскиот конфликт претставува потенцијална закана за руската економија.

Од таа причина, „Moody’s“го потври суверениот рејтинг на Русија на „Baa1“, но ја намали прогнозата за рејтингот од стабилна на негативна, пренесува агенцијата Франс прес.

Поради прелевањето на украинскиот конфликт со Кримската област на источната граница на оваа земја со Русија, се зголеми опасноста од геополитички ризик во Москва, вклучувајќи ги западните санкции, се наведува во соопштението на агенцијата од Њујорк.

За намалувањe на прогнозата на рејтингот, „Moody’s“ исто така се одлучи поради, како што велат, непостоењето на силен план и клучни реформи во Москва за решавање на проблемот со слабата економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП