26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе отвори седмиот Жито Маркет за граѓаните на Скопје

Се отвори седмиот Жито Маркет за граѓаните на Скопје

az

На површина од 600 метри квадратни, со обезбеден паркинг простор и  со инсталирани 4 наплатни каси се отвори новиот Жито Маркет на територијата на Скопје. Лоциран во населба Ново Лисиче, ова е 7миот Жито Маркет во скопската околина којшто овозможи околу 30 нови вработувања, а 33тиот низ целата држава.

ac

„Растењето и проширувањето на една компанија е клучниот дел од деловното работење, што треба да се одвива во континуитет. Кога веќе ќе понудите квалитет и добра услуга, треба да се грижите и за поголема достапност на истите. Но, секое проширување треба да биде внимателно испланирано соодветно на барањата на пазарот. Новоотворениот маркет е создаден соодветно на потребите на граѓаните во однос на содржините, големината како и понудата на производи и се надеваме дека ќе пополни една забележителна празнина во достапноста на производи за широка потрошувачка во овој дел од градот“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален извршен директор.

ab

На денот на отворање на маркетот за сите присутни имаше многу подароци, гратис производи, акции, попусти на најпродаваните производи како и ред други изненадувања. Маркетот ќе функционира како Супер Маркет, што значи покрај прехранбените производи ќе понуди и производи од типот на бела техника, играчки, книги и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП