3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманија: Deutsche Telekom наместо Verizon

Германија: Deutsche Telekom наместо Verizon

dojce vojce

Германската влада го откажа договорот со американската компанија за телекомуникација „Verizon“ во рамките на своите интерни комуникации по објавувањето на спорот за шпиунажа, извршена до страна на Вашингтон.

Во Германија во октомври минатата година беа објавени податоци, кои на медиумите ги достави поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност (NSA) Едвард Сноуден и во кои се наведува дека Вашингтон го шпиунирал Берлин.

Берлин потоа побара дијалог за постигнување на договор за „нешпиунирање“, но разговорите пропаднаа поради тоа што се укажуваше на тоа дека Вашингтон несака да даде гаранција која Германија ја бараше.

„Во пораст е притисокот на мрежата, како и ризиците од високоразвиени компјутерски вируси или тројнаци. Врските меѓу странските известувачки агенции и компаниите по аферата „NSA“ се покажаа дека на германската влада и е неопходно високо ниво на безбедност за мрежата од клучно значење“, се наведува во соопштението на германското Министерство за внатрешни работи.

Владата соопшти дека „Deutsche Telekom“ ќе ги замени услугите кои досега ги вршеше компанијата „Verizon“, т.е. дека германската компанија веќе е задолжена за најчувствутелните комуникации меѓу министерствата или меѓу владата и германските известувачки агенции.

„Verizon“ според приходот е втората поголемина американска телекомуникациска компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП