2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBNP Paribas ја намалува дивидендата

BNP Paribas ја намалува дивидендата

121025071306-bnp-paribas-monster

Француската банка „BNP Paribas“ планира да ја намали својата дивиденда и да издаде милијарда евра обврзници во рамките на судската постапка во САД, пишува денес весникот „Wall Street Journal“.

Властите на сојузната американска држава Њујорк и француската банка во понеделник треба да постигнат конечен договор за спорот кој се води поради американските обвинувања дека „BNP Paribas“ го прекршила ембаргото на САД за работа со Куба, Иран и Судан.

„Иако и двете страни и понатаму преговараат, тие начелно се договорија француската банка да плати казна од осум до девет милијарди долари“, пишува весникот повикувајќи се на извори блиски на тој случај.

„Wall Street Journal“ додава дека „BNP Paribas“ преговара да плати помала казна најмногу до осум милијади долари. Според наводите на весникот, на банката во текот на неколку месеци ќе и бидат забранети доларски трансакции и ќе мора да избрка дури 30-тина вработени.

Весникот дознава дека француската банка во Њујорк реализирала сомнителни трансакции во износ од 30 милијарди долари. Повеќето трансакции се однесувале на Судан. САД на почетокот на март отвори истрага против три француски банки – „Societe Generale“, „BNP Paribas“ и „Credit Agricole“, поради сомнеж за перење на пари и кршење на ембаргото од 2002 до 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП