9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдна година подоцна: Како живеат Хрватите?

Една година подоцна: Како живеат Хрватите?

b_bannereucroatia

Помина една година откако Хрватска е членка на Европската унија, а во изминатата година стандардот на хрватските граѓани не се поправи.

Позади Хрватска е речиси една година членство во ЕУ, повеќето од паричниците и понатаму се празни, пренесуваат регионалните медиуми.

Меѓутоа, за тоа време, зеленчукот е поевтин за 16 проценти, овошјето за 8, маслото за јадење за 15, а облеката за 5 проценти. Сепак, од друга страна, сметките поскапеле за два проценти.

Цените на храната се нешто пониски откако Хрватска е членка на ЕУ. Тоа малку се чувствува на лебот, месото, шеќерот, овошјето, зеленчукот. Сепак, тоа што и понатака „задушува“ се станарините и цената на сметките, кои дури и пораснаа. И кога ќе се повлече една линија, хрватските граѓани по влезот во ЕУ не живеат подобро. Напротив, меѓу европските членки имаат најголема разлика помеѓу куповната моќ и цената на храната.

Во изминатата година зеленчукот поевтинил за 16 проценти, овошјето за 8, маслото за јадење за 15, а облеката за пет проценти. Меѓутоа, сметките затоа се зголемиле за два проценти.

Станарината на просечниот хрватски граѓанин, струјата, водата, комуналиите месечно изнесуваат помеѓу 2.000 и 4.000 куни. Ако знаеме дека просечната плата во Хрватска е 5.000 куни, тогаш се прашуваме како хрватскиот граѓанин може воопшто да преживее?

Ако ништо друго, од 1. јули граѓаните на Хрватска ќе можат поевтино да телефонираат внатре во ЕУ, благодарение на намалениот роаминг. Излезните повици ќе ги плаќаат за 21 процент помалку, влезните за 27 проценти помалку, СМС пораките за 25 проценти помалку, а сообраќајот за дури 55 проценти помалку. Освен за Хрватите, тоа е добра вест и за туристите кои доаѓаат во Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП