28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција нема потреба од трет пакет помош

Грција нема потреба од трет пакет помош

samarasnfhh738tg

Грција ја остави рецесијата зад себе и нема потреба од трет пакет помош, изјави грчкиот премиер Антонис Самарас во интервјуто за германскиот весник „Handelsblat“.

На прашањето за намалување на грчкиот долг, Самарас изјави дека неговата земја ќе го намали долгот од актуелните 175 проценти на помалку од 110 проценти од БДП до 2022 година, како што всушност е и договорено со меѓународните кредитори.

За време на обраќањето на Самитот на земјите членки на Европската унија, кој вчера започна во белгискиот град Ипру, грчкиот премиер пред се се фокусираше на енергетската политика на Унијата и на начините на борба против нелегалната миграција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП