29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроширена иницијативата на УСАИД за одгледување пченка

Проширена иницијативата на УСАИД за одгледување пченка

usaid mk

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси денеска го одбележа проширувањето на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка” во Полог каде што годинава донираше 15 системи за наводнување капка по капка.

Директорот на УСАИД/Македонија Џејмс Стаин симболично вклучи два од новите 15 системи „капка по капка“ на полето со пченка на Назуф Џеладини во близина на село Тумчевиште и на полето на Билјана Савеска во близина на село Јанчиште.

„Го почнавме овој процес во Полог и Пелагонија во 2013-та со донирање 40 системи капка по капка на мали производители на пченка како дел од иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“. Ако нашето искуство од минатата година е некаков показател, сигурен сум дека комбинацијата на системите капка по капка и добрите земјоделски партики ќе имаат огромен ефект врз приносите на пченка“, рече Стаин.

На настанот присуствуваа градоначалниците од полошкиот регион, претставници од Агенцијата за подршка на земјоделството и Федерацијата на фармери, од млекарниците Фејзи, Екошар, Алпи, Лактоза, Муневере, Хит 73 и Тетовска млекарница, како и земјоделци и сточари од регионот.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси лани успеа да ги зголеми приносите на земјоделците кои учествуваа во иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка” за повеќе од 50 отсто. Со оглед дека пченката во Македонија најчесто се користи за сточна храна, зголемените приноси им овозможуваат на сточарите да нахранат четири пати повеќе крави со истата површина пченка. Овој пристап на одгледување пченка ќе им овозможи на малите земјоделски бизниси во Македонија да станат поконкурентни, попрофитабилни и поодржливи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП